Словенија и донира 35 тенкови на Украина, произведени во Југославија

Од:

Словенија на Украина и донира 35 оклопни амфибиски возила БВП М80А, произведени во поранешна Југославија. Возилата со железница веќе се испратени во Полска и Украина.

Словенија во договор со САД, за донацијата во Украина од американската Влада ќе добие средства за купување на оружје и опрема за словенечката војска. САД ќе донираат поголема сума од проценетата опрема што е испратена во Украина.

Деконзервација на оклопните возила траеше неколку недели, а испраќањето помош на украинската армија досега наидуваше на логистички тешкотии поради ставот на Унгарија дека не дозволува транспорт на оружје за Украина преку нејзина територија.

Амфибиското гасенично возило БВП М80А, може да има екипаж од тројца војници, а е опремено со топ со калибар 20 милиметри, митралез и фрлачи на противтенковски ракети Маљутка.

Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец истакна дека Љубљана со донацијата го исполни ветувањето за Украина и придонесе за нејзината одбрана. Тој додаде дека Словенија веќе и донирала на Украина пешадиско оружје, шлемови, панцири и друга опрема, а сега ќе се концентрира на други форми помош, вклучително и деминирање и помош за обновата на Украина по војната.

Шарец најави и дека најверојатно ќе биде и понудено обука на украинските војници во Словенија или во друга земја-членка на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он