Словенија го загуби спорот против Хрватска за виното „теран“

Од:

Европскиот суд на правдата денеска ја отфрли тужбата на Словенија против Европската комисија во „случајот теран“, долготраен вински спор меѓу словенечките и хрватските винари.

Барањето на Словенија за поништување на делегираната регулатива на ЕУ за условите за употреба на терминот „теран“ на етикетите на хрватско вино од Истра е одбиено, објави Европскиот суд во соопштение за медиумите.

Тужбата се однесуваше на името „теран“, кое се користи и во Словенија и во Хрватска. По пристапувањето на Словенија во ЕУ, терминот се користеше на етикетите на некои словенечки вина, најпрво како традиционално име за вино од Крас, произведено во одредени области со насади од лозје, а потоа признаено како ознака на заштитното потекло, се наведува во обемниот опис на спорот, во образложението на пресудата.

Судот појаснува дека Европската комисија им признала на хрватските винари од Истра дека, и покрај противењето на Словенија, за традиционалното вино наречено теран тие можат да го означат како „Хрватска Истра – теран“, а Словенија поднесе тужба со барање за поништување на таа регулатива, бидејќи смета дека има ексклузивно право на името.

Би можело да ве интересира

Угостител од Истра: На готвачите им нудам 2.000 евра, на келнерите 1.000, никој не сака да работи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозија одекна низ цел град, детонирана подводна мина кај Риека

Катерина Павлова-Николовска

Притворен е матурантот кој со мачета влезе во загрепска гимназија

Горан Наумовски

Уапсено момчето кое упадна со мачета во гимназија во Загреб

Ана Ололовска

ВИДЕО: Млад човек со мачета упадна во гимназија во Загреб, полицијата трага по него

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мртов човек е пронајден во стан во Загреб, сведоците тврдат: Сопругата го уби и скокна низ прозорецот

Горан Наумовски