Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на 11-дневно целосно затворање

Од:

Од денска Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден.

Патувањето во земјите од црвената листа, во кое се вклучени сите соседи на Словенија, ќе биде забрането, освен за транзит, стока и некои други исклучоци.

Освен секојдневните прекугранични патници, кои веќе треба да се тестираат на секои седум дена со брз тест за антиген, сите патници ќе треба да покажат PCR-тест направен во земја на ЕУ или во Шенген зоната, со цел да се избегне задолжителен карантин.

Според Владата, главната причина зошто мерките на границата треба да се зајакнат е да се спречи очекуваното ненадејно зголемување на патувањата за време на Велигден, кога многумина од поранешна Југославија кои работат во Словенија ги посетуваат своите семејства.
Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми.

Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.

Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велигиден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата.

Повторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он