Словенија: Центарот „Симон Визентал“ со протест против одлуката на Врховен суд за поништување пресуда за домобрански генерал

Од:

Центарот „Симон Визентал“ остро протестираше против одлуката на словенечкиот Врховен суд да ја поништи од процедурални причини пресудата со која домобранскиот генерал Леон Рупник беше осуден на смртна казна и егзекутиран во 1946 година.

„Одлуката за поништување на пресудата на човекот кој ‘активно учествуваше во злосторствата на холокаустот’ е срамна и претставува искривување на историјата и голема навреда за жртвите на Рупник“, нагласи Ефраим Зуроф, директор на Центарот за источни европски прашања во центарот „Симон Визентал“, во писмо до словенечкиот амбасадор во Израел Андреј Пуркарт Мартинез.

Тој побара од амбасадорот веднаш да го пренесе протестот пред надлежните словенечки власти за да може да се преземат мерки за отстранување на огромната штета предизвикана од „неправедната одлука на Врховниот суд“.

Минатата недела словенечкиот Врховен суд ја поништи, од процедурални причини, пресудата од 1946 година со која беше осудени на смрт домобранскиот генерал Леон Рупник заради предавство и соработка со окупаторот, по барање, наводно, поднесено од неговиот внук.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он