Словенија бележи рекорден број на новозаразени со коронавирус

Од:

Од вкупно 1.198 тестови на коронавирус направени вчера во Словенија, 21 се позитивни, што е најголем број на нови инфекции за едно деноноќие од 16 април, кога беа регистрирани 36 случаи, објави новинската агенција СТА.

Девет пациенти се наоѓаат на лекување во болница, но ниту еден од нив не е на интензивна нега.

Во земјата не се регистрирани нови смртни случаи и нивниот број останува, колку што претходно изнесуваше – 111, соопштија словенечките власти.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во таа земја изнесува 1.633 лица.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он