Словенечко-хрватската комисија за Кршко задоволна од работата на нуклеарната електрана

Од:

Меѓувладината комисија за нуклеарната централа Кршко, што е во сопственост на Словенија и Хрватска, денеска на средбата во Блед изрази задоволство од добрата работа на нуклеарната централа, а ги разгледа и програмата и финансиските аспекти на работата.

-Нуклеарната централа Кршко постигнува одлични работни, безбедносни и економски резултати и делува безбедно, сигурно и одговорно кон околината во која се наоѓа, изјави словенечкиот министер за инфраструктура, Јернеј Вртовец, по средбата во Блед.

Тој додаде дека состаноците на комисијата биле можност да се разговара за сите други оперативни прашања поврзани со имплементацијата на одредбите од меѓудржавниот договор, кои и во оваа прилика се покажаа успешни.

Хрватскиот министер за економија и одржлив развој, Томислав Чориќ, изјави дека е задоволен што денеска почна четвртата ревизија на програмата за мониторинг на нуклеарната централа Кршко, и се заблагодари на словенечката страна за добрата соработка.

На состанокот во Блед, меѓувладината комисија се запозна со работата на електраната од последниот состанок во јули минатата година. Министрите, со позитивни оценки за работата на нуклеарната централа, се договорија за следниот состанок на комисијата за првата половина на следната година.

Комисијата за следење на спроведувањето на договорот меѓу двете земји во врска со нуклеарната централа Кршко (Нек) се запозна со нејзината работа и разговараше за програмата за откажување и програмата за отстранување на радиоактивниот отпад, се наведува во соопштението на словенечкото Министерство за инфраструктура.

Се разговараше и за извештајот за состојбата на средствата собрани во словенечките и хрватските фондови за финансирање на разградбата и складиштењето на радиоактивниот отпад и потрошеното нуклеарно гориво.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа