Словенечките партии поделени за предлогот за враќање на задолжителниот воен рок

Од:

Словенечките партии имаат поделени ставови во однос на предлогот на партијата СДС на Јанез Јанша, за повторно враќање на задолжителниот воен рок. СДС овој предлог законот веќе го поднесе до собранието и е влезен во процедура.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, помалите. пред се. левичарски партии се против ваквиот закон и го сметаат за назаден, додека десните сметаат дека тој е важен за безбедноста на Словенија и пред се како што велат, правилниот психо-физички развој на младите.

Од паријата на премиерот Марјан Шарец (ЛМШ) велат дека ќе го разгледаат предлогот по што ќе изградат став, но сметаат дека оваа тема е вредна за разговор. Слична позиција има и друга владина партија, односно ДеСус.

Инаку, според предлог законот, воениот рок во Словенија ќе биде задолжителен за сите и ќе трае шест месеци, а оние кои ќе се одлучат да служат војска во цивилка, тој ќе трае 12 месеци.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он