Словенечките медиуми: Безбедносно разузнавачката агенција на Хрватска прислушувала словенечки функционери

Од:

Словенечките медиуми денеска објавија дека Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на Безбедносно разузнавачката агенција на Хрватска – СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година.

Франиќ е одговорен за низа скандали и закани што ги вршел според упатства на хрватското раководство, а познат е и како „механичарот Давор“ од аферата „Шпиони“, во врска со префрлување оружје во Босна и Херцеговина.

Словенечките медиуми наведуваат дека зад илегалното прислушување континуирано стои СОА и дека Франиќ, како и во аферата во БиХ, раководел со операцијата.

Прв показател дека СОА стои зад активностите во Словенија беше изјавата на поранешниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, кој претходно рече дека СОА и тогашниот директор Драган Лозанчиќ треба да добијат државна награда за нивната работа во арбитражата.

Лозанчиќ тогаш го именуваше Франчиќ за шеф на својот кабинет, додека СОА во своите годишни извештаи за 2015, 2016 и 2017 година воопшто не ги споменува активностите во Словенија или во областа на арбитражата.

Словенечките медиуми наведуваат дека зад Франиќ стои Божо Петров, лидер на МОСТ и поранешен претседател на хрватскиот Парламент, кој е „политички кум на Франиќ“.

Би можело да ве интересира

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Детали за експлозијата во Загреб: Фрлил две бомби и избегал, ќе настрадаше семејство со мало дете

Катерина Ѓуровски

Во Загреб одекна силна експлозија, полицијата предупреди: „Не излегувајте надвор“

ВИДЕО: Во Вуковар нападнати Срби од Сомбор, полицијата гледа и не реагира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Турција е уапсен Хрват, шеф на меѓународен наркокартел

Баножиќ е осомничен за предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај