Словенечкиот премиер го отфрли предлогот за зајакнати мерки против мигрантите

Од:

Словенечкиот премиер Mарјан Шарец денеска ги отфрли тврдењата на опозициските десничарски партии дека неговата Влада нема адекватен одговор на зголемениот прилив на мигранти и го отфрли нивниот предлог за зајакнување на мерките.

Шарец истакна дека подрастични мерки за соочување со миграциските токови во сегашната ситуација не се потребни. – Словенија и предложи на Европската комисија да се зајакнат овластувањата на Фронтекс во спречувањето на илегален транспорт на луѓе на надворешните граници на Европската унија, посочи словенечкиот премиер.

Според него, зајакнатата улога на Фронтекс би се применувала на надворешните граници на Република Хрватска кон земјите кои не се членки на ЕУ, или „уште подобро на границата меѓу Грција и Северна Македонија, каде исто така има значителен број потенцијални мигранти и бегалци“.

– Во таа смисла би било добро со Северна Македонија што побрзо да почнат преговори за членство во ЕУ, иако, според него, земјата не ги исполнила сите критериуми, пренесува словенечко „Дело“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски