Словенечкиот Парламент го одби предлогот граѓаните да одлучуваат за набавка на оклопни транспортери

Од:

Словенечкиот Парламент го отфрли предлогот за одржување советодавен референдум за владината одлука за набавка на 45 оклопни возила „Боксер“ во рамки на модернизацијата на армијата.

Пропадна предлогот на опозициската партија Левица да се одложи ратификацијата на преддоговорот за набавка на модерни модуларни транспортни возила од германско производство и поврзаноста со резултатот од предложениот референдум.

Доцна синоќа само осум пратеници од Левица гласаа за распишување таков референдум, 42 пратеници гласаа против, а 27 беа воздржани. Словенија минатата година склучи прелиминарен договор за набавка на транспортни возила со OCCAR (Организација за заедничка соработка во вооружувањето), во која се Италија, Франција, Германија и Литванија, како и неколку други членки на ЕУ.

Се проценува дека цената за 45 возила „Боксер“ за словенечката армија би била околу 400 милиони евра во зависност од дополнителната опрема и оружје, а треба да се дефинира кога ќе се потпише договорот за набавка на возила, јавуваат словенечките медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он