Словенечкиот Парламент го одби кандидатот на Пахор за гувернер на Централната банка

Од:

Словенечкиот Парламент денеска ја отфрли кандидатурата на Примож Доленц за гувернер на Централната банка откако поголемиот дел од партиите во дебатата се изјаснија против.

Доленц, кој е заменик-гувернер на Централната банка од 2016 година, беше номиниран за функцијата минатиот месец од страна на претседателот Борут Пахор, но доби поддршка од само 30 пратеници, а 39 гласаа „против“.

Словенија го загуби гласот во Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) во април, кога поранешниот гувернер на словенечката Централна банка Боштјан Јазбец се повлече од функцијата. Земјата ќе го врати својот глас во ЕЦБ само по изборот на нов гувернер на Централната банка.

Претседателот, најверојатно, ќе понуди нов кандидат во следните недели, иако нема законски рок за избор на гувернер, пренесува БТА.

Би можело да ве интересира

Словенечкиот Парламент отфрли воведување казна за „недолично однесување“

А1он

Словенците преговараат со „Новартис“ за производство на вакцини против Ковид-19

А1он

На Словенците ќе им бидат неопходни ковид потврди и за работа од дома

Ана Ололовска

Уставно толкување на барањето за вакцинирање побара Словенечкиот полициски синдикат

А1он

ВИДЕО: Антиваксерите во Љубљана ја гаѓаа полицијата со запалени факли, а таа возврати со солзавец и водени топови

А1он

Поддршка од Словенија за ЕУ перспективата на Западен Балкан, останатите земји од регионот подготвени да учествуваат во дијалогот за иднината на Европа

А1он