Словенечки медиуми: Приведен министерот за економија Здравко Почивалшек

Од:

Дел од словенечките медиуми објави дека министерот за економија Здравко Почивалшек е приведен по извршениот претрес во неговиот дом од страна на полицијата, која бараше докази поради сомнеж за незаконски дејства при набавка на медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Порталот Нецензурирано објави дека тој се сомничи за корупција, при што е направена штета на државниот буџет.

Поради полициската акција, во која се извршени претреси во 11 објекти, министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер поднесоа оставки.

Хојс смета дека акцијата е незаконска и направена поради политички цели.

Повеќе информации се најавуваат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он