Словенечката Влада одобри дел од средствата за непречена работа на агенцијата СТА

Од:

Словенечката Влада вчера одобри одредени средства што според законот е должна да и ги исплаќа на националната новинска агенција СТА, по бројните интервенции и изразување поддршка од земјата и светот до новинарите на агенцијата, за да можат да продолжат да работат.

Според Канцеларијата за комуникации (УКОМ), Владата донела ваква одлука откако на нејзиното писмо до Европската унија за дозволеноста за субвенционирање на националните новински агенции од буџетот и беше одговорено дека не е спорно доколку годишната сума не надминува два милиона евра и доколку се обезбедуваат средства за да им се помогне на агенциите во нивната улога на социјално корисни јавни информации услуги.

Словенечката новинска агенција се финансира во просек годишно со околу два милиона евра од државни фондови, врз основа на договори, додека останатите половина од средствата за работа ги обезбедува преку активности на пазарот.

Засега, владата одобри само плаќање на своите обврски за последните два месеци од минатата година, што досега го одбиваше, пренесе Хина.

Таа тоа го образложи со тврдењето дека раководството на агенцијата одбива да им обезбеди некои деловни информации, што новинарите и уредниците ги сметаат за изговор за да се влијае врз содржината и независноста на новинарската и уредничката работа, а во тоа таа е поддржана од здруженија на новинари и синдикати.

Со месеци словенечката агенција неуспешно се обидуваше да почне разговори за склучување на редовен годишен договор за оваа година, така што стабилноста на нејзината работа и одржливоста на финансирањето остануваат под знак прашалник.

Од СТА се дознава дека и покрај одлуката на Владата, потребните средства од минатата година се уште не им се префрлени на сметка и дека претходно предупредувале за сомнителниот опстанок на агенцијата и одржливоста на нејзината работа доколку не биде потпишан нов договор со Владата за 2021 година.

Владата на премиерот Јанез Јанша досега одбиваше да го стори тоа, иако претходно тоа беше разбирлива и вообичаена практика, која досега не беше оспорена од ниту една влада.

Новинарите и уредниците во агенцијата СТА добија неколку изрази и изјави за солидарност од меѓународни новинарски организации и европски тела, вклучувајќи ја и Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА).

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он