Словенечката полиција од странски државјани заплени 1,5 милиони евра во готовина

Од:

Словенечката полиција денеска во комбе со кое патувале двајца странски државјани, пронајде и заплени 1,5 милиони евра во готовина.

Како што објави мариборскиот весник „Вечер“, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, полицијата ги открила парите при рутинска контрола на автопат во реонот на Прекомурје во североисточниот дел на Словенија.

Весникот наведува дека странците, чија националност не е посочена, не можеле да го објаснат потеклото на парите, кои биле спакувани во картонски кутии, поради што полицијата ги конфискувала.

Според прописите на ЕУ, патници кои влегуваат или излегуваат од Унијата мора да пријават доколку со себе носат пари во готовина над 10.000 евра. Во конкретниот случај странците не го сториле тоа.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он