Словенците на референдум за управување со водите, тест за Владата на Јанша

Од:

Словенците денеска гласаат на референдум за измени во законот за управување со водите во земјата, што претставува тест за Владата на премиерот Јанез Јанша, пренесува Еуроњуз.

Владата на Јанша ги одобри измените во март, но еколозите повикаа на референдум, сметајќи дека промените претставуваат закана за животната средина и квалитетот на водата.

Ова прашање предизвика жестока дебата во малата земја членка на Европската унија со два милиони жители, позната по неверојатната убавина на алпските пејзажи и љубителите на природата. Правото на вода е воведено во Уставот на земјата во 2016 година. Во основата на спорот е одредбата со која се регулира изградбата на згради, вклучувајќи хотели, продавници и ресторани, во близина на морето, реките или езерата.

Додека Владата инсистира на заострување на правилата и обезбедување на повеќе средства за вода и заштита од поплави, противниците велат дека регулативите ги фаворизираат приватните инвеститори, ќе го ограничат јавниот пристап до вода и ќе го загрозат квалитетот на водата.

Спорот за водата ги одразува зголемените политички тензии во Словенија, каде што Владата на Јанша се соочува со обвинувања за ограничување на демократските и медиумските слободи во традиционално либералната нација.

За да успее референдумот, мнозинството гласачи, или барем една петтина од околу 1,7 милиони гласачи (речиси 340.000) мора да ги отфрлат измените во законот за вода. Предвременото гласање во домовите за социјални грижи и неколку избирачки места привлече рекорден број од над 84.000 граѓани, што укажува на високо ниво на јавен интерес за оваа тема.

Референдумот беше инициран од група еколошки организации и други граѓански здруженија, обединети во „Движењето за вода за пиење“, кои собра повеќе од 50.000 потписи.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски