Слави Трифонов го повлече кандидатот за премиер од неговата партија

Од:

Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, на својот фејсбук-профил напиша дека ден по изборите на 12 јули објавил предлог-кабинет „составен само од високообразовани професионалци со јасни приоритети“.

– За премиер го предложив економистот Николај Василев, човек со искуство во политика, државната администрација и реалниот бизнис. За само три дена, врз него се истурија многу погрдни зборови. Се покажа дека не е важно колку се образовани кандидатите за членови на владата, колку се добри експерти, колку се јасни нивните приоритети. Се покажа дека тоа не е важно за оние медиуми и политичари, кои го назначија Николај Василев за лидер на Движењето за права и слободи, тврдење кое нема никаква врска со вистината, додаде Трифонов.

Според Трифонов, на Бугарија не ѝ требаат нови избори и нестабилност, додавајќи дека е важно да се отстрани моделот ГЕРБ од јавниот и политичкиот живот.

На крајот од својата објава на Фејсбук, Слави Трифонов напиша дека одлучил да ја повлече кандидатурата на „еден достоен човек како Николај Василев“.

Тој, исто така, најави дека неговата партија наскоро ќе предложи нов премиер со нов состав на влада. Николај Василев и дел од политичкото раководство на „Има таков народ“ утре ќе им дадат одговор на медиумите за нивните следни политички чекори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит