Скендер Хисени побара помош од ЕУ за спречување на имигрантите

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени ги повика денеска земјите-членки на ЕУ да помогнат во спречување на масовното иселување на косовски граѓани.

– Земјите од ЕУ, како Австрија, треба колку може побрзо да ги вратат имигрантите од Косово. Постојано тврдат дека огромниот број илегални имигранти нема да добијат дозвола за престој и ќе бидат вратени. Очекувам тоа да се случи колку може побрзо, изјави Хисени на прес-конференција во Виена по средбата со австрискиот колега Јохана Микл-Лајтнер.

Двајцата министри изразија подготвеност за соработка по ова прашање.

Хисени истакна дека не сака „да се затвори границата на Косово однадвор“. Наместо тоа, тој ќе настојува Австрија и другите земји од Шенген зоната да ги укинат визите за косовските граѓани и да им дозволат легално да патуваат.

Најмалку 100.000 косовски граѓани ја напуштиле земјата од август до декември минатата година, а 50.000 од почетокот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска