(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: Медицински лица без маски лумпувале со жива музика во ковид болница

Од:

Скандалозна снимка на која се гледа како персоналот на најголемиот ковид-центар во Хрватска, болницата Дубрава во Загреб, без маски и без почитување на заштитните мерки, се забавува со жива музика, а вработените играат ора во просториите на болницата, била испратена во телевизијата РТЛ.

Вработените во болницата, меѓу кои имало медицински сестри, болничари и друг персонал, но не и лекари, во комбинација со алкохол и специјално ангажирани музичари, славеле до доцна во ноќта, пишува РТЛ.

В.Д. директорот на болницата, Ивица Лукшиќ, за телевизијата изјави дека првпат слуша за снимката и дека е изненаден и побара време да се утврдат фактите, по што ќе извести за евентуални санкции.

Снимката ја испратила медицинска сестра во болницата, заедно со отворено писмо во кое вели дека во 20 години стаж како медицинско лице, не доживеала ништо слично.

„Во вакви ситуации ми е срам што сум медицинска сестра. Во 20 години стаж не сум доживеала вакво нешто. Непочитување на епидемиолошки мерки, реки од алкохол, тамбури, песни и ора. И сето тоа во просторот на болницата, во режија на вработените. Не знам кој дозволил музичка група во болницата и кој знаел за тоа, ама очекувам санкции за актерите во овој настан. Мислам дека со ова се фрла лоша слика на останатите вработени кои својата работа си ја работат како што треба, целата болница зборува за спорната журка, а време е за тоа да се одговара и да се спречи во иднина. Се бориме против вирусот, а самите го шириме. Лута сум и разочарана,“ пишува медицинската сестра од болницата во отвореното писмо.“

Снимката е направена во болницата на почетокот на месецов, а според РТЛ, се работи за некаква новогодишна прослава.

На неколкуминутното видео се гледа хармоника накитена со банкноти, алкохол, гласно пеење. Медицински сестри и помошен персонал, фатени на оро, без дистанца и без маски. Оваа ситуација ги налути дел од нивните колеги кои ја испратиле снимката, велат од телевизијата.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски