Сивата економија во Грција достигнува до сто проценти

Од:

При финансиски проверки во туристичките реони на Грција во периодот од 16 до 22 јули, властите регистрирале голем број неправилности и затајувања данок, што во некои случаи достигнувале и до сто проценти, објави весникот „Етнос“.

Службата за борба против финансискиот криминал објави дека извршила 838 проверки во хотели, барови, ресторани, кафулиња и други угостителски објекти, при што констатирала скандалозни случаи на затајување данок.

Вкупно 409 сопственици угостителски објекти се казнети за 2.020 прекршоци. Во ек на туристичката сезона најмногу даночни прекршоци биле констатирани на островите Родос, Евбеја, Парос, Миконос и Крит, како и во летувалиштата во континенталниот дел – во областа Атика, на Халкидики, Порто Хели и Лаконија.

Борбата против даночните измами е централен елемент во планот за спас на Грција со надворешните кредитори од ЕУ и ММФ.

Грчкиот Парламент во моментот разгледува предлог-закон за нов даночен кодекс, што предвидува заплена на имоти на „нелојални“ даночни обврзници.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски