Сите српски полицајци мора да се вакцинираат против Ковид-19

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека донело одлука сите припадници да се вакцинираат против Ковид-19, а потегот се објаснува со заштитата на здравјето на вработените и со потребата да се создаде колективен имунитет во земјата.

„Имајќи ја во вид специфичноста на полициската работа и постојаниот контакт на полицијата со граѓаните, потребно е сите припадниците на МВР да се вакцинираат, освен оние кај кои вакцинацијата не е возможна поради здравствени причини,“ се вели во соопштение од министерството.

Вакцинацијата против коронавирусот е мерка препорачана од сите релевантни фактори – Кризниот штаб за спречување и сузбивање на епидемијата, Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје на Србија, потсетуваат од српското МВР.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари