СИРИЗА повторно ќе го предложи Павлопулос за претседател на Грција

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи во Парламентот, изјави дека неговата партија има намера повторно да го предложи Прокопис Павлопулос за шеф на државата, по завршување на неговиот мандат во 2020 година, јави допиничката на МИА од Атина.

– СИРИЗА и во новиот Парламент ќе предложи уставно предвидено обновување на мандатот на актуелниот претседател, Прокопис Павлопулос, бидејќи смета дека изборот на шеф на државата треба да има широк консензус, истакна Ципрас, додавајќи дека претседателот на државата треба да ја изразува заедничата волја на мнозинството од политичките сили.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос коментираше дека „волјата на Нова демократија е да не го предложи Павлопулос на претседателските избори во 2020” и воедно ги повика и портпаролката и лидерот на најголемата опозициска партија да дадат поддршка за продолжување на мандатот на актуелниот грчки претседател.

Би можело да ве интересира

Ципрас ги претстави кандидатите на СИРИЗА за европратеници и го повика Мицотакис на ТВ дуел

Ана Ололовска

Ципрас: Целта на СИРИЗА е победа на европските избори

Ана Ололовска

Средба на европратеник од СИРИЗА со Митрополит со радикални ставови предизвика реакции во Грција

Независната пратеничка група со Ципрас: Ни честиташе на визијата и храброста

Предраг Петровиќ

Џафери и Ципрас се заложија за формирање група на пријателство во грчкиот парламент

Предраг Петровиќ

Ципрас од Букурешт ја предупреди Албанија поради правата на грчкото малцинство