Сириза: Грчката влада се опушта, а бројот на новозаразени расте

Од:

Наместо зголемена претпазливост, Владата во изминатиот период континуирано испраќа пораки на опуштеност, во исто време кога се зголемуваат случаите на коронавирусот, потврдувајќи ги противречноста и неодговорност на кои се темелат нејзините одлуки, соопштуваат од грчката опозициска партија Сириза, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ги последните владини одлуки, од Сириза потенцираат дека Владата и премиерот Мицотакис мора да сфатат дека јавното здравје и туризмот, „не можат да бидат поле за експериментирање“ и потребна е сериозност и доследност.

-Откако не се залагаше за тестови пред пристигнувањето на грчките аеродроми; откако не усвои унифицирани епидемиолошки критериуми за контрола на сите влезни точки во земјата; откако, вон секоја логика, ги дозволи панаѓурите, а вчера побрза да ги забрани; откако ја игнорираше препораката на експертската Комисија и ја укина задолжителната употреба на маска во трговските центри и моловите, без да се потруди да ги објасни причините, сега, брза да ги прибере последиците од нејзината непредвидлива тактика под опасноста од ново неконтролирано разгорување на пандемијата, соопштуваат од Сириза.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски