Синот на Еди Рама, Грегор, ја доби битката против Ковид-19

Од:

Најстариот син на премиерот Еди Рама, Грегор (Грег) Рама сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека ја добил битката со новиот коронавирус, по повеќедневен болнички третман.

Грег на Инстаграм им се заблагодари на лекарите и на медицинските сестри во болницата „Шефќет Ндроќи“ за укажаната грижа, наведувајќи дека тој го продолжил третманот дома.

– Огромно благодарам и почит кон лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за мене. Се чувствувам должен јавно тоа да го кажам, зашто навистина работат под невиден стрес и го слушаат она што не се принудени да го слушаат. За среќа по направените тестови во болницата и третманот што го добивам дома се чувствувам многу подобро и физички и психички, напиша синот на албанскиот премиер.

„Требаше ова да се случи“, наведува тој понатаму, „за уште повеќе да се зголеми почитта и доверба во оние кои секој час и минута се на првата линија во оваа војна“.

Тој на крај посакува брзо закрепнување на сите оние кои се соочуваат со овој невидлив непријател.

Грегор е син на Рама од првиот брак, а од вториот го има синот Захо.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето