Главниот штрајкувачки одбор на Хрватскиот лекарски синдикат одлучи штрајкот на лекарите да продолжи и од понеделник го подигнува на највисоко ниво во болниците, изјави денеска претседателот на Синдикатот Ивица Бабиќ, кој и покрај најавите за радикализација на штрајкот се појави на преговори во Министерството за здравство.
Бабиќ објасни дека штрајкот продолжува и се интензивира бидејќи ниту едно од барањата заради кој почна, не е исполнето.
– Ќе работиме како во неделите, изјави тој. Тој денеска се појави на преговори во Министерството заради склучување нов Колективен договор во здравството.