Силен земјотрес регистриран во близина на Крит

Од:

Земјотрес со интензитет од 5.4 степени според првичните информации, беше регистриран на две минути пред полноќ, по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри североисточно од островот со длабочина од 27 километри.

Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 5.3 степени.

Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови на островот Крит, а половина час по потресот, нема информации за материјална штета или повредени лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски