Силен земјотрес почувствуван во БиХ и Хрватска

Од:

Сеизмолошката служба на Република Хрватска денеска забележала посилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, со епицентар кај Тузла во БиХ, кој се почувствувал и во Славонија и Барања во Хрватска.

„Во петок, 30 август, во 15 часот и 1 минута, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Тузла (БиХ), 64 километри југоисточно од Славонски Брод. Магнитудата на земјотресот беше 4,9 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот V-VI (пет до шест) степени“, се вели во соопштението на хрватската сеизмолошка служба.

Според досегашните информации од БиХ, не е забележана поголема материјална штета, но биле уништени фасади на неколку куќи во Тузла.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски