Силен земјотрес во југоисточниот дел на Турција

Од:

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди округот Малатија во југоисточна Турција, објави турската телевизија „НТВ“, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и итни случаи на турската влада.

Земјотресот се случи во 12:37 часот по локално време,  а неговиот епицентар се наоѓаше во областа на градот Путурге.  Земјотресот беше почувствуван и во околните градови и окрузи и предизвика паника кај жителите.

Во моментот нема информации за настанати штети или повредени лица.

Сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул го процени земјотресот на 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Ердоган се сретна со косовскиот претседател Тачи

Ана Ололовска

Уште еден земјотрес на Крит

Ана Ололовска

Грчката Влада ја осуди насловната страница на грчки весник со навреда за Ердоган

Ана Ололовска

ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

А1он

Борел: Се враќаат големите империи од минатото, Русија, Турција и Кина

Ана Ололовска

Турско-руски разговори за Сирија и за Либија денеска и утре во Анкара

Ана Ололовска