Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да ги здружат силите и дополнително да ги зајакнат границите меѓу Србија и Северна Македонија.

„Нашиот заеднички интерес е да ја преместиме таа одбранбена линија на југ и затоа се договоривме да ги комбинираме нашите сили и да обезбедиме уште подобро и посериозно зајакнување на границите меѓу Србија и Северна Македонија како во однос на персоналот така и во однос на опремата“, вели Сијарто.

На крајот од трилатералната средба на Австрија, Унгарија и Србија за миграцијата, Сијарто истакна дека тие три земји не ги бранат само своите граници, туку и ЕУ.

Сијарто изјави дека е неопходно да се прекинат воените активности и да се седне на преговарачка маса, но дека повеќето европски земји ги нагласуваат санкциите против Русија наместо да промовираат мировни преговори.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он