Шверцувале цигари во мртовечки ковчези

Од:

Бугарската царина откри неколку милиони фалсификувани цигари скриени во мртовечки ковчези, а шверцерите изнајмиле и погребно возило за да изгледаат поубедливо пред царинските службеници.

Директорот на бугарската царинска служба Вањо Танов за телевизијата „БНТ“ изјави дека шверцерите цигарите ги префрлале во возила што ги „камуфлирале“ во амбулантни возила, јави БТА.

Во акцијата се запленети 25 милиони цигари, за кои се верува дека потекнуваат од Дубаи, што е најголема заплена на фалсификувани цигари во изминатите осум години во Бугарија, а неплатениот данок достигнува 1,8 милиони евра.

Бугарија според бројот на пушачи се наоѓа на врвот во Европа, веднаш зад Грција, со 44 проценти пушачи од вкупно 7,4 милиони жители.

Според податоците на царинската служба, од цигарите што се наоѓаат на пазарот во Бугарија 15 проценти се фалсификувани, што е двојно помалку во однос на 2010 година благодарение на редовниет заплени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит