Шумски пожари беснеат на јадранското крајбрежје во Хрватска и Црна Гора

Од:

Хрватските и црногорските пожарникари се борат со неколку шумски пожари, кои беснеат денеска на јадранското крајбрежје, поради кои некои населени места се евакуирани, јавуваат локалните медиуми.

Пожари има во близина на северните хрватски градови Пула и Шибеник, како и на островите Паг и Вир, североисточно од Сплит.

Хрватското крајбрежје, кое е посетувано од голем број туристи во текот на летото, често страда од шумски пожари и оваа година тие се посилни.

Силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето, а властите предупредија да не се пали оган на отворено.

Два противпожарни авиони ги гаснат огнените јазици, кои се приближуваат до куќите во Бродарица, близу Шибеник и локалниот пат беше затвоен поради густ чад.

Во јужна Хрватска во близина на црногорскиот град Херцег Нови беше издадена наредба за евакуирање на локалното население. Пожари се регистрирани и во регионот на црногорскиот главен град Подгорица.

Во соседна Босна и Херцеговина пожарикарите се борат да ги совладаат пожарите во близина на Мостар и Требиње.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора