Шумски пожар што беснее во Бугарија му се заканува на Одрин

Од:

Шумски пожар во Бугарија се доближува до села во турскиот округ Одрин (Едрене), а огнените јазици на моменти достигнуваат застрашувачки размери, поттикнати од ветрот во регионот, соопшти турската приватна телевизија НТВ.

Пожарот може да се види од селата близу границата во регионот на турскиот град Лалапаша.

Засега пожарот сè уште не се проширил на турската страна, благодарение на реката Тунџа.

Сепак, постои загриженост дека доколу ветрот се засили, пламените јазици ќе стигнат до Одринско, посочува НТВ.

Турските власти информираа дека противпожарната служба е подготвена да дејствува, во случај да дојде до лоши сценарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

(ВИДЕО) Пожар уништи зграда во изградба во Русија за само 20 секунди