Лидерот на највлијателната партија во Австрија, Слободарска партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе зборувајќи за Европската унија наведе дека е „познато оти по членството на Хрватска, подолго време, нема да има прием на земји-членки“.
– Тоа треба јасно да се каже, бидејќи процесот на зачленување во изминатиот период, може да се рече, е и пребрз, па сега има проблеми, посочи Штрахе.
Тој коментирајќи го договорот меѓу Србија и Косово истакна дека имало голем притисок, а ЕУ и дала перспектива на Србија доколкуго прифати договорот.