„Што ти е животот, седиш на клупа чекаш воз, а не знаеш дека ова е твое…“ – поради овие зборови плаче цела Србија

Од:

Денеска во Србија е Ден на жалост поради трагичната смрт на 14 лица откако падна дел од старата настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Во таа прилика уште три лица се тешко повредени.

Од синоќа граѓаните ширум Србија палат свеќи на плоштадите, оддавајќи им почит на трагичните жртви.

Цела Србија остана без зборови, но и обединета, бидејќи по апелот на Новосадскиот завод за трансфузија да дарува крв за повредените, не само Нови Сад, туку и цела Србија чекаше да дарува крв!

– Што ти е животот? Седиш на клупата. Го чекаш возот. Тој те вози на работа, на факс во друг град. Те носи дома кај твоите родители. Да ги видиш, да ја јадеш сармата на мама затоа што е најдобрата. Те вози до кај девојката во која си до уши заљубен. И таа во тебе. И едвај те чека… А не знаеш дека ова ти е последна станица – ова се зборовите кои од вчера кружат на социјалните мрежи.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ синоќа изјави дека акцијата за спасување во Нови Сад е завршена и дека конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.

– Заврши спасувачката акција во Нови Сад. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени – изјави министерот Дачиќ.

Просторот околу Железничката станица е расчистен, а работниците од „Паркинг сервисот“ поставија заштитна ограда околу делот каде што се случи падот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Се знае кој ќе ги замени Горан Весиќ и Томислав Момировиќ на чело на двете министерства

(ВИДЕО) Опозицијата сака да го урне мостот во Нови Сад: Ја урнаа оградата и фрлаа димни бомби

Уапсена е уште една осомничена во врска со трагедијата на железничката станица во Нови Сад

А1он