Што (не) поседува БиХ во случај на посилен земјотрес

Од:

Босна и Херцеговина нема специјална единица која во согласност со меѓународните стандарди би делувала во случај на земјотрес во нашата земја – во разговор за порталот klix.ba истакна Идриз Брковиќ шеф на Одделението за стратешко планирање во Секторот за заштита и спасување при Министерството за безбедсност на БиХ.

Оваа единица до сега не е формирана поради немање на политичка волја во поглед на составот на единицата и начинот на кој со неа би се командувало. Меѓутоа, ние сме во преговори со надлежни органи и сметаме дека конечно до крајот на годината ќе се дефинираат прашања кои се важни за основање на ваква единица. Таа може да се основа со политичка поддршка веќе идната година. Единицата би имала 150 луѓе, кои би имале целосна опрема според пропишаните меѓународни стандарди и би била способна да бара и спасува луѓе под вода, под урнатини… – вели Брковиќ.

Ако веќе немаме единица на државно ниво, на пониски нивоа, пред се во рамки на цивилната заштита, имаме одредени средства и луѓе за спасување, но со тоа, според оценката на нашиот соговорник, не можеме да бидеме задоволни. А и како да бидеме задоволни, вели Брковиќ, кога во цела држава и тоа во Федерацијата имаме само четири кучиња тренирани за трагање и спасување на луѓе под рушевини. Тие кучиња делуваат во рамки на специјалната единица на Федералната управа на полицијата. Понатаму, додава Брковиќ, Федерацијата располага со две специјални камери кои се многу корисни при барање на луѓе под рушевини, додека во регионот Брчко има четири, во РС нема ниту една, забележува Брковиќ.

Без никаква координација

Кога се работи за градежните машини за чистење на урнатини, тука состојбата е таква што цивилната заштита би ангажирала механизација од фирми со кои имаат договор. Меѓутоа, голем проблем е што ние имаме комплициран политички систем, така да секое ниво на власт за себе набавува одредени средства и тука нема никаква координација, па тие средства често не се доволни или не се соодветни. На тој начин не знаеме точно со што располагаме и колку тоа е доволно – вели Брковиќ.

Сепак, кога веќе не се погриживме сами да можеме да се спасуваме на соодветен начин, барем ги донесовме законските прописи и овозможивме да ни стигне помош од други земји во случај на природни несреќи.

Со донесување на законите ги решивме прашањата како преминот на границите во итни случаи и слично, така тоа го решивме на соодветен начин. Имаме договори со сите соседни земји, па и пошироко и можеме да очекуваме дека нивната помош во кризни состојби ќе биде ефикасна – истакнува Брковиќ.

Исто така, тој потенцира дека на 18 април оваа година е донесен документ Проценка на загрозеност од природни и други несреќи во БиХ, во кој земјотресите се претставени како латентна опасност која се заканува на БиХ.

Анализата ја подготвија експерти истражувајќи податоци од земјотреси во нашата земја од 1905 година. Заклучено е дека на опасност од можни земјотреси нај изложени се Бања Лука, Љубиње, Требиње, Љубушки, Груда, Босанско Грахово, Трескавица.. – истакна нашиот соговорник.

Во сила правилник од СФРЈ

Брковиќ додава дека Министерството во согласност со овој документ даде одредени препораки на институциите на БиХ, а во врска со проектирање и градење во согласност со европските прописи, посебно во подрачја за кои е оценето дека се поизложени на опасност од земјотреси. За сега не е познато колку градежниците се придржуваат на овие прописи и стандарди. Брковиќ истакнува и дека Министерството предложи донесување на нов правилник за градење во тие сеизмички подрачја, поради тоа што сеуште е на сила правилникот од СФРЈ, чија актуелност е многу спорна.

Исто така, предложена е програма за едукација во врска со однесување пред, за време и по земјотрес. До сега во таа смисла направено е многу малку: Министерството испечати неколку илјади плакати кои се поделени на децата во сите основни училишта во БиХ, а на кои се дадени објаснувања за тоа како треба да се однесуваме во случај на земјотрес. Значи ние мораме да направиме многу повеќе, но како и во многу други случаи и области, нашата политичка волја главно е концентрирана на некои други важни прашања за политичарите.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина