Европската комисија денеска ја назначи Џеновева Руиз Калавера на позицијата на директор на секторот „Западен Балкан” во одделот за соседство и преговори за проширување (ГД „Неар“) при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Калавера, која е од шпанска националност, според соопштението што го испрати Еврокомисиајта, ќе ја преземе должноста на 1. јуни оваа година.
Во секторот за проширување на Европската унија задолжен за Западен Балкан, каде се наоѓа и Република Македонија како земја-кандидат, Шпанката Калавера доаѓа однатре, а досега беше задолжена за надворешни односи и соседска политика речиси две децении, во рамки на Специјалната работна група за реконструкција на Косово и во одделенијата за добрососедска политика, надворешни односи и надворешна политика. Таа, според неформалната Влада на ЕУ има огромно искуство за управување, со оглед на тоа што претходно била назначена за раководител на Одделението за работни места во 2006 година, а во ЕК е од 1992 година, кога најпрво работела во областа на оданочувањето и царина, по речиси една деценија работа во приватен сектор во Шпанија.