Шишков: Грчко-бугарскиот гасен интерконектор доби употребна дозвола

Од:

Бугарскиот технички министер за регионален развој, Иван Шишков, соопшти дека гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија веќе ги има сите документи за негова употреба. Министерот добиениот документ им го покажа на новинарите во зградата на бугарската Влада.

dobivaj vesti na viber

Интерконекторот треба да биде пуштен во употреба во сабота на 1 октомври, јавува дописникот на МИА од Софија.

-Оваа гасна врска не е плод на никакви документни компромиси. Објектот е завршен и на 1-ви октомври ќе биде пуштен во употреба без грижи и без прекршувања на нормите. Ќе има инсталации што ќе работат без проблеми, рече бугарскиот министер.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, интерконекторот же биде пуштен во употреба во сабота на специјална церемонија во Софија, домаќин ќе биде претседателот на државата Румен Радев, а на церемонијата ќе присуствуваат шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, претседателите на Северна Македонија и Србија, како и премиерите на Грција и Романија.

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе има капацитет од три милијарди кубни метри гас. Вкупната негова должина изнесува 182 километри, а вредноста на гасоводот е над 240 милиони евра, од кои Европската комисија во 2010 година обезбеди неповратни 45 милиони евра за предпроектните истражувања и уште 35 милиони евра во рамки на оперативната програма за Бугарија. Европската инвестициска банка, пак, ја кредитираше изградбата со 110 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата

Ана Ололовска

(ВИДЕО ) Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Треба да бидеме една држава, ние сме еден народ со ист јазик

Орце Костов

Резултатите од пописот во Бугарија покажуваат дека 84 отсто се Бугари, 8,4 отсто Турци, а 4,4 отсто се Роми

Грција и Бугарија разговараат за активирање на стариот проект за изградба на нафтоводот Бургас-Александруполи

А1он

Бугарија ќе ги набави и вторите осум авиони Ф-16 Блок 70

А1он

„Промените продоложуваат“ и „Демократска Бугарија“ изразија подготвеност да формираат малцинска влада

А1он