Шеху: Албанското обвинителство итно да отвори истрага за третманот на починатите од Ковид-19

Од:

Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, побара од Обвинителството итно да почне истрага во врска со морбидните фотографи кои кружат деновиве за „односот кон починатите од Ковид-19“.

– Обвинителството не треба да спие,туку под итно да отвори истрага, рече Шеху одговарајќи на прашањето кој прави политика со умрените од Ковид-19, по дебатата меѓу власта и опозицијата.

На фотографиите се гледа како трупови на лица почнати од Ковид-19 завиткани во пластични вреќи и бели чаршафи се оставени на подот во мртовечницата а не во посебни простории со ладилници.

Фотографиите кои се направени од Сири.нет, ги објавија сите медиуми.

И за ова, власта ја обвини опозицијата, велејќи дека се монтирани, откако и претходно ги отфрли како неточни и тврдењата на лидерот на Демократската партија(ДП) Љуљзим Баша, дека во периодот март-октомври имало 923 починати а не 509 лица колку што тврди министертвото за здравство.

Потпретседателот на ДП, Еди Палока, денеска отфрли дека овие фотографии се излезени од неговата партија.

-Тие се појавија во медиумите, не е точно дека тие излегоа од ДП. Дали е етички или не, тоа е друга тема,но добро е да види јавноста како се справуваме со пандемијата. Жално е затоа што тие се вистински слики. Сериозно е што се случува. Срамота и

морбидност е она што се случува. Рама секогаш се занимава со осуда и истото го прави и со овие фотографии,рече Палока.

Според него дека не се објавува реално бројот на починати од коронаврус потврда се починати двајца негови блиски роднини од Ковид-19, кои не се во списокот на починати од опасниот вирус.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија