Шефовите на Беливук се во врвот на власта и режимот сега ги крие трагите, обвини Бошко Обрадовиќ

Од:

Српскиот опозициски политичар и лидер на движењето Двери обвини денеска дека власта на Александар Вучиќ во моментот не се занимава со борбата против организираниот криминал, туку со сокривање на траговите кои водат од криминалната група на Вељко Беливук, до неговите политички шефови во владиниот врв.

Во пишана изјава, Обрадовиќ вели дека „избегнувањето на надлежните органи да се пресметаат со политичките ментори на криминалната група на Беливук кажува дека тиа во моментов не се знимаваат со борба против криминалот и корупцијата, туку со сокривање на траговите кои водат до врвот на актуелната власт, при што е очигледно дека сите криминални патишта водат кон Небојша Стефановиќ и Александар Вучиќ“.

Беливук и над 20 членови на неговата банда беа уапсени на почетокот на февруари

„Зошто сите високи функционери на Српската напредна странка (СНС) кои секојдневно зборуваат за врските на криминалната група на Беливук со многумина од врвот на владејачката партија, се уште не изговориле ниту едно конкретно име? Зошто потпретседателот на СНС Милош Вучевиќ“ не каже кои се тие двајца министри кои ‘ја сакале главата на Вучиќ?’,“ прашува Обрадовиќ.

Тој исто така запраша и зошто пратеникот во српскиот Парламент Владимир Ѓукановиќ не ги именува, како што вели, „оние од врвот на СНС кои ја имале наклонетоста на Вучиќ, а потоа бесрамно и незаконски се обогатиле“.

Поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, е досега највисокиот функционер на СНС кој директно се поврзува со кланот на Вељко Беливук

Обрадовиќ оценува дека клучното прашање е „како претседателот на СНС Вучиќ мисли да се извлече од политичката одговорност за поставување на тие кадри на клучни позиции во државата“.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски