Шефот на ЕУЛЕКС го пофали Хоти за скромноста и откри дека отпатувал за Брисел

Од:

Косовскиот премиер Авдулах Хоти отпатувал вчера за Брисел, каде што утре треба да ги продолжи преговорите со претставници на Србија, но јавноста за тоа не е информирана од него или од владините надлежни служби, туку од шефот на меѓународната правна мисија во Косово, ЕУЛЕКС, Ларс-Гунар Вигемарк, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, Вигемарк ја открил информацијата на тој начин што, преку својот Твитер, го пофалил Хоти затоа што во авионите со кои патувале заедно седел во економска, а не во бизнис-класа.

– Капата долу за премиерот на Косово, Авдулах Хоти, кој денеска патуваше со нас во економска класа во авионот Приштина – Виена, а потоа и во авионот од Виена за Брисел. Колкумина други премиери на Западен Балкан би ги заштедиле парите на даночните обврзници на овој начин, напиша Вигемарк.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски