Шарл Мишел во Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ќе престојува во Босна и Херцеговина, каде ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ и со други претставници, како и со претставници на партиите.

Мишел во Сараево ќе пристигне од Белград, каде вчера се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Делегацијата на ЕУ во БиХ соопшти дека Мишел ќе разговара со претставници на Федерацијата за патот на БиХ кон ЕУ, чии 14 клучни приоритети се изборни и уставни промени, како и за регионалната стабилност во контекст на променетата геополитичка ситуација.

Мишел нема да го посети Мостар како што претходно беше планирано, поради обврски во Брисел, јавија сараевски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

Мишел: На декемврискиот Самит очекувам одлуки за проширувањето за некои од земјите од Западниот Балкан