Шарец: Нема потребна да се затвораат границите поради коронавирусот

Од:

Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец, изјави дека тие што повикуваат на затворање на границите поради коронавирусот само шират паника.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец смета дека затворањето на границите нема да го спречи ширењето на вирусот, а само ќе предизвика нарушување на нормалното снабдување на земјата што би било контрапродуктивно.

– Ситуацијата мораме да ја третираме многу совесно и сериозно, но и да се воздржиме од ширење на паника. Доколку има потреба државата е подготвена да ги искористи сите механизми за спречување на ширењето на вирусот – изјави Шарец.

Инаку, во Словенија се уште нема ниту еден потврден случај на лице заразено со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он