Серија земјотреси во Грција

Од:

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска крајбрежниот регион на северна Грција, а потресот беше почувствуван и во Турција, Бугарија, Македонија и јужна Србија.

Претходно беше јавено дека земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри југозападно од градот Александрополис, на брегот на Егејското Море, на 40 километри од границата со Турција, на длабочина од десет километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Според истанбулската сеизмичка опсерваторија Кандили, пак, земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени. Епицентарот бил во Егејското Море, на длабочина од околу 25 километри.

Кусо по првиот земјотрес регистриран е и вторичен потрес со интензитет од 5,4 степени. Потоа се регистрирани дваесетина помали потреси.

Најмалку едно лице е послено повредено кога на аеродромот во Лемнос се урнал дел од покривот, соопшти полицијата.

Засега нема други информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Во делови од западна Турција, каде од јачината на потресот зградите се нишале, испаничените граѓани излегле на улиците. Земјотресот, според изјави на очевидци е почувствуван во Чанаккале, Одрин, Истанбул, Измир и Текирдаг.

Грција често пати ја погодуваат земјотреси, кои најчесто не предизвикуваат поголема штета. Во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала во 1999 година загинаа 143 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит