Селф тестовите во Грција во комбинација со вакцинацијата и тестирањата ја подобриле епидемиолошката слика

Од:

Намалување на бројот на нови случаи, на хоспитализирани пациенти, како и намалување на индексот на позитивност, било регистрирано во Грција со воведувањето на задолжителните селф тестови за домашна употреба, во комбинација со вакцинацијата и тестирањата од Националната организација за јавно здравје, соопшти заменик министерот под премиерот надлежен за координација на работата на грчката Влада, Акис Скерцос, јави дописничката на МИА од Атина.

Скероцос, преку Фејсбук соопшти дека на 19 јуни завршува програмата за бесплатно подигање на тестовите од аптеките и додава дека сепак „политиката на бесплатна дистрибуција на селф тестови“ ќе продолжи и во текот на летото, а во следните денови ќе се прецизира начинот како ќе се дистрибуираат до граѓаните.

-Од 12 април кога стапи во сила оваа политика за јавното здравје, со истовремена помош на вакцинацијата и насоченото тестирање од Националната организација за јавно здравје, забележан е пад на следниве индикатори: -73 отсто нови случаи на Ковид-19, -65 проценти хоспитализирани поради Ковид-19, 0,73 отсто сооднос на приеми и отпуштања од болница за пациенти со Ковид-19, намалување за 53 проценти на индексот на позитивност, соопшти Скерцос.

Селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба, во Грција се бесплатни и задолжителни еднаш или два пат седмично за одредени категории вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за учениците.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција