Секој петти жител на Албанија прележал Ковид-19, тврди Академијата во нова студија

Од:

Во нова студија на Албанската академија на науките се тврди дека реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата од почетокот на пандемијата е околу 600 илјади, што е над 20 отсто од населението.

-Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите случаи каде што е применет истиот метод на тестирање во европските и во други места. Студијата нема дијагностички карактер, туку ја потврдува реалната состојба на степенот на инфекција од Ковид-19, а се однесува на присуството на анти-Сарс-Ков-2 антитела кај населението, наведува Академијата.

Се додава дека нивото на технологија за имунолошко тестирање што се користи во оваа студија е исто како и во повеќето европски земји или во САД.

-Овој извештај е потврден и од нашите оператори на здравствени услуги, кои потврдија дека иако бројот на лица со дијагностициран Ковид-19 во нашата земја беше околу 60.000 на крајот на 2020 година, реалната бројка е околу 600.000. Студијата не е направена за да се создадат илузорни слики на реалноста, ниту за да се создадат еуфорични ситуации, туку да се знае вистинската состојба на ширење на пандемијата со ист степен на сигурност како и во аналогни случаи во други земји, во соседството и подалеку, посочуваат од Академијата.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во земјата, вклучително и 3.727 тестови во последното деноноќие, направени се вкупно 297.106 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 64.627 лица( 656 во последните 24 часа), оздравени се 38.421, активни на болеста се 24.954, додека починале 1.252 лица.

Во меѓувреме во земјата денеска, втор ден од почетокот на вакцинацијата, вакцинирани се 60 здравствени работници, пред се лекари инфектолози.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија