Секој деветти Грк веќе ги примил двете дози од вакцината против Ковид-19

Од:

Од 3.740.000 вакцинации против Ковид-19 спроведени во Грција од почетокот на процесот на имунизација на населението, речиси два и пол милиони граѓани се вакцинирани со првата доза, односни 23,7 отсто од населението, а над 1.245.000 се ревакцинирани, што е околу 12 отсто од популацијата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус.

Во однос на старосните групи, тој објасни дека најголемо учество има кај граѓаните на возраст од 70 до 75 години, од кои вакцинирани најмалку со една доза се 73 отсто и достигнува до 80 проценти ако се земат предвид и закажаните термини.

Од здравствените работници, вакцинирани се 82 отсто од лекарите и 63 отсто од медицинските сестри и болничарите во државните болници и 88 проценти од докторите и 62 отсто од медицинските сестри и болничарите во приватните болници.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски