Сеизмолог предупредува на можен катастрофален земјотрес во Истанбул

Од:

Разурнувачки земјотрес со јачина од над 7 степени по Рихтеровата скала во областа на Истанбул не е далечна перспектива, предупреди турскиот сеизмолог, проф. Наџи Горјур во изјава за турски медиум.

Професорот предупредува дека, очекувањето на можен силен земјотрес во регионот на Марморното Море не е само претпоставка, туку научна реалност.

– Земјината кора под Мраморното Море почна да пука, изјави научникот.

Според Горјур, неодамнешната сеизмичка активност во Силиври, во округот Истанбул, може да е сигнал дека очекуваниот силен земјотрес во областа доаѓа дури и порано од очекуваното.

– Последните два земјотреси во морето кај Силиври се случија на западниот крај на Кумбургз, за ​​кој очекуваме да пропадне, и ако тоа се случи, тоа би можело да предизвика земјотрес од најмалку 7,2 степени според Рихтеровата скала, рече тој.

Според него, во зависност од уривањата кои евентуално силен земјотрес би ги предизвикал, бројот на жртви ќе биде најмалку 120 илјади. Професорот, исто така, предупреди дека под ризик од земјотрес е и Источна Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски