Се вжештува атмосферата меѓу Грција и Турција, Мицотакис побара итен самит на ЕУ

Од:

Кабинетот на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес побара итен самит на земјите-членки на ЕУ.

Барањето беше иницирано откако турскиот брод „Оруч Рејс“, наменет за истражување на гас и нафта навлезе во источниот дел од грчкиот континентален гребен.

Во оваа област се наоѓаат бродови на грчката воена морнарица кои на секои 15 минути испраќаат порака дека бродот се наоѓа на грчка територија.

„Оруч рејс“ го придружуваат бродови на турската воена морнарица, а Турција смета дека бродот се наоѓа во нејзиниот континентален гребен.

Шефот на грчката дипломатија имал телефонски разговор со неговиот германски колега Хајко Мас, а како што напиша Дендиас на „Твитер“, во фокусот биле „турските провокативни активности во Источниот Медитеран“.

Министерството за надворешни работи на Грција, порача дека „Грција нема да прифати никаква уцена, дека ќе го брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права“ и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности кои го поткопуваат мирот и безбедноста во целиот регион“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски