Хеликоптер на армијата на Србија – Ми17 кој доцна синоќа беше во спасувачка мисија на 5-дневно бебе од Нови Пазар се урна во близината на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Засега нема информации за жртви или преживеани, а информацијата ја потвриди Министерството за одбрана на Србија.
Наш хеликоптер, којим је животно угрожена беба транспортована из Рашке, пао је у ширем реону аеродрома Сурчин. Више детаља накнадно
— MO и ВС (@mo_i_vs) March 14, 2015
Хеликоптерот ја започна спасувачка мисија синоќа во 21:00 часот, откако претходно поради одрон на патот амбулантното возило беше заглавено на патот Нови Пазар – Крагујевац.
Но поради лошите временски услови и големата магла во Белград не можеше да слета, па мораше да кружи околу аеродромот.
Според првичните информации, тој останал без гориво во раните утрински часови и се урнал.