Се тресе и Балканот – земјотреси во Србија и Бугарија

Од:

Се тресе и земјата на Балканот по разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Два земјотреса се регистрирани во текот на ноќта и утрово во Србија.

Околу 10 часот во околината на Мајданпек се почувствувал земјотрес со јачина од 1,7 степен според Рихтеровата скала, а претходно во Долни Милановац со јачина од 2 степена. Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, тој бил во 10.04 часот.

Трет земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала е регистриран во Бор.

Земјотреси со помал интензитет и во Бугарија.

Земјотрес со јачина од 3 степени е регистриран на подрачјето на градот Садово, Пловдивско. Епицентарот е на 140 километри од Софија, покажуваат податоците на Националниот сеизмолошки центар.

Потресот бил регистриран во 00.54 часот по бугарско време и бил со епицентар на 140 километри од Софија.

Земјотресот во Турција и Сирија ги извади на површина прашањата во какви објекти живееме?

Во Бугарија експертите стравуваат дека поради големиот број стари згради, доколку се случи силен земјотрес, може да ја имаат истата судбина како објектите во Турција

„Кај нас има речиси 14.300 панелни згради. Првите се изградени во 50-тите години на минатиот век, а според бугарските стандарди, нивниот век е 50-ина години“, коментира градежниот инженер Владимир Жијански за „Нова ТВ“.

„Големиот проблем со конструкцијата на панелите е фактот што во однос на енергетската ефикасност не се исполнети барањата и секаде се врши санација што се однесува само на надворешната изолација“, додаде инженерот. Според него, слаба точка кај овој тип на градби е поврзаноста на вертикалните и на хоризонталните ѕидови.

Би можело да ве интересира

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме