Се степаа двајца кандидати за пратеници во Косово по дебата во ТВ-емисија

Од:

Кандидати за пратеници во Собранието на Косово, Дардан Молилај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од Самоопределување, физички се пресметаат по завршувањето на емисијата Пресинг на кабелската телевизија Т7 во Приштина.

Главниот и одговорен уредник на таа телевизија, Леонард Керчуку, објави дека за време на емисијата двајцата кандидати размениле навреди што ескалирале во физички пресметка.

Моличај беше генерален секретар на партијата до заминувањето од Самоопределување и е еден од 12 пратеници кои ја напуштија партијата и ја формира Социјалдемократската партија на Косово.

Абази се приклучи на Самоопределување пред неколку недели и претходно беше директор на фондацијата Рокфелер во Косово.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он